Предлог за вкусна тава додека сеуште има свеж зеленчук.
- Кромидот се сечка ситно, се става во тавче со сол, масло и малку вода, се пржи да застакли. Му се додава сув зачин, црн бибер, се пржи и потоа му се става црвениот пипер и еден изрендан црвен домат. Се трга настрана.
Сега си почнуваме со редење.
- Во тава прво се редат компирите сечени на тенки кругови, се посолуваат малку, врз нив се реди половина од тиквичката исто така сечкана на тенки кругови.
- Врз тиквичките се става исечканата пиперка, па после боранијата.
- Врз боранијата се става испржениот кромид со домат, а врз ова втората половина тиквичка на кругови. На крај се завршува со вториот домат исечкан на тенки кришки.
- Во тавата се става малку вода имајќи во предвид дека при печењето зеленчукот ќе пушти течност. Се става во рерна и се пушта на најсилно, а штом ќе се загрее, рерната се намалува на 200 степени и се пече околу еден час.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани