Зеленчукова тава
Состојки
- 1 главица карфиол рендан
- 1 главица кромид
- 200 гр замрзнат грашок
- 1 морков
- 2 јајца
- 1 млад кромид
- 2 чешнина лук
- сол и бибер
Подготовка
Ручек во боите на пролетта.
Во тава на Делимано испржете ги кромидот и морковот, а кога ке омекнат додадете го лукот и зачинете.
Направете кајгана од 2 јајца (зачинета).
Комбинирајте ги ренданиот карфиол, пржениот кромид, морков и лук и замрзнатиот грашок (можете да го замените со пченка) и додадете ги во тавата со кајганата.
Гответе околу 5 мин или додека омекне карфиолот.
Декорирајте со млад кромид.