Една многу лесна и брза за подготовка зеленчукова тава која често ја подготвувам особено во денови кога се пости.

1. Во тава со капак се ставаат компирите исечени на коцки, ситно сецканиот кромид, пиперките и грашокот.

2. Зеленчукот се полева со маслиново масло, се зачинува со сол, мелен бибер и црвен пипер и убаво се меша.

3. Во посебен сад се мешаат водата, доматното пире и соја сосот и со така подготвената мешавина се полева зеленчукот.

4. Се пече 60-70 минути на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани