Брза зелена пита
Ова е пита која често се наоѓа на нашата трпеза, за појадок, за ручек, за вечера.
1. Се чисти спанаќот, се мие убаво и се трие со сол.
2. Во поголем сад се матат јајцата и потоа се додава маслото, јогуртот, брашното и пецивото. Се меша со дрвена лажица.
3. Откако смесата ќе се измеша убаво, се додава спанаќот, па потоа сирењето.
4. Смесата се истура во намрсена тава, се посипува со сусам.
5. Се пече 20-25 минути на 200 степени (во зависност од јачината на рерната).
Во питата може да се стави и сецкан морков, грашак (претходно обарени), сецкана салама, секој како што си сака. Одозгора може да се изренда и кашкавал наместо сусам. Бон апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови