Здрав сладолед од 3 состојки
Еве еден убав начин за искористување на зрелите банани. Најчесто овој сладолед го правам само со главната состојка, односно од замрзнати банани, ама овој пат додадов какао и млеко по желба на моите дечиња.
1. Бананите ги сецкаме на мали кругчиња. ги ставаме во ќесенце за замрзнување и ги оставаме во фрижидер за длабоко барем 2 часа.
2. Потоа ги блендираме со додавање на останатите состојки до добивање на мазна, глатка, кремаста структура. Може веднаш да се дегустира, или ако сакате да биде постегнат вратете го 1 час во фрижидер.
Совет - освен основната состојка (банана) понекогаш додавам и јагоди, парчиња чоколадо, за ванила вкус - додавам екстракт од ванила, путер од кикиритки....по желба и вкус на моите најмили.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани