За двајца
Имијте го стекот и исечкајте го на парчиња(по 2цм).Кромидот исецкајте го и со стекот оставете ги да се пржат во различни тави(околу 15мин).
Во тавата во која се пржи кромидот ставете ги добро измиените печурки и 2-те лажици домашен сос и додадете по желба зачини(вегета,сол,буковка,бибер и сл.)
Откако стекот ќе поцрвени смесата со кромид и печурки ја додавате во тавата каде што се пржи стекот и смесата се соединува.Оставете ги да се пржат уште 10мин и додате ја павлаката.Продолжите со готвењето уште максимум 5мин и оброкот е готов.
По желба: Откако ќе се направи ова прекрасно јадење можете да го сервирате со рендан кашкавал или пармезан одозгора.
Јадењето е прсти да излижеш,а и припремањето не е тешко.Се надевам ќе ви се допадне идеален ручек за идеален вљубен пар!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови