Во тенџере ставете го месото, кромидот, лукот и морковот.
Налејте вода и ставете да се вари на среден оган.

Откако месото ќе се свари отстранете ги коските и наредете го во земјена тава.
Додајте го сенфот и измешајте убаво.
Потоа зачинете со мешан сув зачин, црн бибер, сецканиот рузмарин и жалфија.
Попрскајте со масло и ставете малку од водата во која се варело месото.
Ставете во загреана рерна на 200 степени и убаво подпечете го.

Додека месото се запекува изматете ги јајцата и киселото млеко, зачинети со сол и малку бибер.

Откако месото ќе биде убаво запечено посипете го со смесата од јајца и кисело млеко.
Вратете во рерна додека убаво зарумени.

Откако ќе добие убава кремаста боја посипете со рендан кашкавал и сосема кратко вратете во исклучена рерна(колку да се стопи кашкавалот).

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани