Ставете ги макароните да се варат во поголема количина солена зовриена вода.

Во тава на оган ставете ја сланината исечена на коцки да се пржи.
Откако ќе се запржи, додајте ги печурките исечени на листови.
Посолете и пржете додека испари течноста што ја пуштаат шампињоните.

Подгответе го и бешамелот.
Во тенџере на оган ставете го путерот да се растопи, потоа додајте го брашното, запржете ги малку и додајте го топлото млеко.
Посолете , наросете малку бибер и мешајте додека сосот се згусти.

Во сад за печење ставете ги сварените исцедени макарони.
Одозгора ставете ги пропржените сланина и печурки, сувите домати исечени на мали парчиња и сецканиот магдонос.
Додајте го бешамелот и измешајте.
Одозгора посипете со пармезанот и лебните трошки.
Попрскајте со маслиново масло и печете на 200 степени додека фатат кора.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани