Жолти печени крофни (посно)
Пржените крофни мене лично ми се најубави, арно ама, дома имаме људство што не сака многу пржени работи, нели се ориентираме на поздрава храна, па поради нив произлезе и овој рецепт за печени крофни. Крофните се со убава боја, вкусни, со интензивен вкус на чоколадо кој му го дава чили зачинот, пријатна арома на портокал, а сепак посни. Е па постачи сладете се!!!
Подготовка
1. Млекото во прав го раствораме во млака вода, може и во жешка ама за замесување треба да чекаме да се замлачи.
2. Сите состојки ги ставаме во сад и замесуваме средно меко тесто кое го оставаме да се дуплира.
3. Откако тестото ќе стаса расукуваме кора со дебелина од 2 см, што е подебела кората толку се поубави крофните. Вадиме кругови со соодветен сад, чашки или калапчиња.
4. Ги редиме во подмачкан плех и ги оставаме да стасаат најмалку 15 минути на топло. За тоа време ја загреваме рерната на 220 степени.
5. Ги печеме околу 10-12 минути или додека поруменат.
6. Топиме чоколадо на ниска температура или на пареа, ставаме во него на врв на лажичка чили, масло и убаво промешуваме. Секоја крофна ја потопуваме со горниот дел во чоколадото и наросуваме шеќерни разнобојни трошки.
Лиценца: Сите права се задржани