Брз и вкусен пијалок, комплетна замена за оброк. Готов за 5 мин.

Во садот за блендирање ставете ги житата и семките. Додадете 300 мл топла вода (или млеко) и вклучете го блендерот. Оставете го да работи барем 1 минута.
Потоа додадете уште 400 мл топла вода (или млеко) и нека блендира без паузи околу 4 -5 минути.

Пијалокот е готов.
Сипете го целиот по шољички бидејки кога ќе се олади се згуснува, па може и со лажиче да се јаде.

Советич
- Задолжителни се хељдата и лененото семе, тие ја прават структурата на пијалокот. Сите други житарки и семки можете да ги заменувате по ваша желба
- Банана често додавам и по 1/3, сосема малку за да не преовладува вкусот,само да даде шмек и густина.
- Кокосот никогаш не успеал да се изблендира мазно како другите жита. Сум го киснела во вода или млеко од вечер, но сепак остануваат мали парченца. Не пречат воопшто, но да напоменам. Ако сакате додадете кокосово масло.
- Многу често го правам и без какао, подеднакво е вкусно.
- Можете да користите жита во зрно или снегулки. Ги имам правено двете варијанти, убави се подеднакво.  

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани