Испечати

Житен пијалок (посно)

Житен пијалок (посно)

Состојки

  • Основа
  • 3 мали лажички хељда
  • 2 мали лажички ленено семе
  • 1 мала лажичка цимет
  • 5-6 урми без семка или засладувач по желба
  • 5 мали лажички овес (може овесни снегулки или мусли)
  • 700 мл вода или млеко
  • 1 мала лажичка какао во прав или 1-2 зрна
  • Дополнително за оргиналниот рецепт
  • 1 мала лажичка лупен непечен сончоглед
  • 1 мала лажичка рж
  • 1 мала лажичка сусам
  • Комбинации по желба (основата е иста)
  • 1/2 банана
  • кора од портокал и нане, просо, пченица

Подготовка

Брз и вкусен пијалок, комплетна замена за оброк. Готов за 5 мин.

Во садот за блендирање ставете ги житата и семките. Додадете 300 мл топла вода (или млеко) и вклучете го блендерот. Оставете го да работи барем 1 минута.
Потоа додадете уште 400 мл топла вода (или млеко) и нека блендира без паузи околу 4 -5 минути.

Пијалокот е готов.
Сипете го целиот по шољички бидејки кога ќе се олади се згуснува, па може и со лажиче да се јаде.

Советич
- Задолжителни се хељдата и лененото семе, тие ја прават структурата на пијалокот. Сите други житарки и семки можете да ги заменувате по ваша желба
- Банана често додавам и по 1/3, сосема малку за да не преовладува вкусот,само да даде шмек и густина.
- Кокосот никогаш не успеал да се изблендира мазно како другите жита. Сум го киснела во вода или млеко од вечер, но сепак остануваат мали парченца. Не пречат воопшто, но да напоменам. Ако сакате додадете кокосово масло.
- Многу често го правам и без какао, подеднакво е вкусно.
- Можете да користите жита во зрно или снегулки. Ги имам правено двете варијанти, убави се подеднакво.