Есенски сочен колач
Есента пристигна, што значи дека е време за јаболката и разни деликатеси со нив. Па затоа, кога ќе немате многу време за подготовка, направете го овој лесен колач за секој ден, со топол чај или кафе, и се разбира добро друштво.
Подготовка
- Во длабок сад ги миксираме пенасто јајцата со постепено додавање на шеќерот, па ја додаваме и ванилата.
- Потоа ги додаваме млекото, па маслото - миксираме.
- На крај го додаваме брашното (соединето со пецивото) преку цедалка, соединуваме до хомогенизирање со шпатула или кратко миксираме на најспората брзина.
- Сега го додаваме чоколадото (рендано на крупната страна од рендето) - нежно соединуваме со шпатула.
- Оваа смеса ја истураме во сад (со димензии 30х20) намрсен и набрашнет.
- Врз смесата ги распоредуваме јаболката (крупно рендани и посипани со претходно соединети ванила и цимет) кои ги истискуваме од течноста што ќе ја пуштат, но не потполно.
- Печеме во загрена рерна на 180 степени до поруменување (јас печев околу 40-45 минути). Проверете и со чачкалица.
- Испечениот колач прво потполно нека олади, па го сечеме на парчиња и уживаме во неговиот вкус.
Забелешка - Зависно од блажината на јаболката, по вкус и желба може одозгора да го посипете колачот со шеќер во прав. Јас по мој вкус изрендав чоколадо.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани