Десерт од тиква, ганаш и авокадо
Вкусотијаааа, прекрасно споени вкусови. Како си го замислив десертов така си го подготвив....иииии уживав. Прво во мала касерола ја ставаме слатката павлака да се загрее. Тука го додаваме чоколадото искршено на мали коцки. Промешуваме додека состојките не се изедначат убаво. Од ганашот ставаме 1/3 во метален мал калап. Врз него ги ставаме зрната индиски орев. Оставаме во фрижидер на 10 минути. Врз ова го ннаесуваме пирето од тиква, во кое има додадено малку цимет и евентуално шеќер или мед по желба. Убаво израмнуваме. Во мал сад го ставаме авокадото, го пасираме со вилушка и додаваме сок од лимон. Јас овде не користев никаков засладувач. Ова го нанесуваме врз слојот со тиква. Калпчето го дополнуваме со преостаниот ганаш. Оставаме во фрижидер да одстои 30 минути. Потоа го одстрануваме обрачот на калапчето, па декорираме со варени, лупени костени, ливче нане и послужуваме.