Филот од тиква се прави на почеток.
Тиквата исечена на тенки парчиња се вари во пола чаша вода, пола млеко. Додадете го шеќерот.
На тивко треба да врие околу 20 мин.
Потоа смесата се блендира. Додадете ги бадемите и ванилиниот шеќер.

Се замесува тестото. Прво се мешаат сувите состојки, потоа млекото и на крај јајцето. Изрендајте и малку дуња.
Се замесува убаво тесто. Оставете го да отстои околу 20 мин.
Потоа со сукало се расукува и го ставате во тавчето за печење.

Потоа го прелевате филот од тиква. Ставате по некој кршен бадем.
Јаболките исечени на тенки парчиња ставете ги најгоре.
Изрендајте дуња. Не штедете на неа. Повеќе, за појака арома.
Украсете со бадеми.
Ако ви остане тесто, може да ја декорирате по своја желба.

Се пече на 180 степени околу 30 мин. Сепак ѕиркајте од време на време.
На крај може да доукрасите со шеќер во прав.
Вкусна пита со сите есенски плодови.
Рај и за очи и за непце.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани