Испечати

Есенска пита (тиква, јаболки, дуњи и бадеми)

Есенска пита (тиква, јаболки, дуњи и бадеми)

Состојки

  • За тесто
  • 200 гр брашно
  • 50 гр млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 1 јајце
  • 1 лажичка какао
  • прстофат сол
  • 50 гр мелени бадеми
  • Дополнително
  • 2 средни јаболки
  • 1 мала дуња
  • 50 гр бадеми (за декорирање)

Подготовка

Филот од тиква се прави на почеток. Тиквата исечена на тенки парчиња се вари во пола чаша вода, пола млеко. Додадете го шеќерот. На тивко треба да врие околу 20 мин. Потоа смесата се блендира. Додадете ги бадемите и ванилиниот шеќер.
Се замесува тестото. Прво се мешаат сувите состојки, потоа млекото и на крај јајцето. Изрендајте и малку дуња.
Се замесува убаво тесто. Оставете го да отстои околу 20 мин.
Потоа со сукало се расукува и го ставате во тавчето за печење.
Потоа го прелевате филот од тиква. Ставате по некој кршен бадем.
Јаболките исечени на тенки парчиња ставате ги најгоре. Изрендајте дуња. Не штедете на неа. Повеќе, за појака арома.
Украсете со бадеми.
Ако ви остане тесто, може да ја декорирате по своја желба.