Одлична торта за одличен повод.
Одамна направена, доцна објавена.
Именденот на ќерката Елена го одбележавме со овој десерт.

Пандишпанот го печеме на стандарден начин
Белките ги матиме пенесто, па кога се густо изматени ги додаваме презлата, мигдалите, ванилата и пецивото.
Печеме врз хартија за печење.

За филот
Чоколадата ја растопуваме на пареа.
Во неа ги додаваме претходно матените жолчки и матиме на пареа заедно.
Слатката павлака ја матиме на страна.
Кога е соеднинета смесата од жолчки и чоколада, ја помешуваме заедно со слатката павлака.
Филот е готов.

Во калапот во кој печевме го ставаме пандишпанот како подлога.

Врз него го истураме филот, го попрскуваме со сушени капини, јагоди и ситно дробени сконс колачи.
Оставаме да излади,па служиме.
Колачот е правен во мал калап,затоа изгледа повисок.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови