Испечати

Елена торта

Елена торта

Состојки

  • За пандишпан
  • 4 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 1/2 пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 6 лажици презла
  • 140 гр бадеми
  • За фил
  • 200 гр чоколадо
  • 200 гр слатка павлака
  • 4 жолчки
  • 1 желатин

Подготовка

Пандишпанот го печеме на стандарден начин Белките ги матиме пенесто,па кога се густо изматени ги додавамепрезлата,мигдалите ,ванилата и пецивото. Печеме врз хартија за печење.
За филот
Чоколадата ја растопуваме на пареа. Во неа ги додаваме претходно матените жолчки и матиме на пареа заедно. Слатката павлака ја матиме на страна. Кога е соеднинета смесата од жолчки и чоколада,ја помешуваме заедно со хоплата. Филот е готов. Во калапот во кој печевме го ставаме како подлога, пандишпанот. Врз него го истураме филот ,па го попрскуваме со сушени капини,јагоди,и ситно дробени сконс колачи. Оставаме да излади,па служиме. Колачот е правен во мал калап,затоа изгледа повисок.
На здравје