Веќе подолго време се подготвувам да го направам и испорбам прашаков. Прво од љубопитност а сега и со цел да го намалам отпадот од пластика.
Се мислев како најдобро, односно што ќе биде најдобро да исперам со прашаков за да видам дали има некаков ефект од него. Се решив тоа да бидат крпите за чистење, кај нас тие се нај нечисти Ч)) И, на мое изненадување, резултатот беше одличен. Флеките и валканиците беа отстранети. Супер! Следната проба ќе биде со нашата облека, и наместо омекнувач за алишта ќе ставам бел оцет со неколку капки етерично масло

Подготовка

Двата вида на сапун се рендаат, се додаваат останатите состојки и смесата убаво се меша. Се чува во тегла. По желба, можете и сите состојки во мултипрактик да ги измиксате. Со додавање на лимонтусот, добивате прашак за перење за светли, односно бели алишта. Сапунот за отстранување на дамки и не мора да се стави, во тој случај се зголемува дозата на домашниот сапун до 100гр. Од прашакот се става 1-2 полни лажици во преградата за прашак од машината за перење. Етеричното масло се става во прашакот откако ќе ја ставите потребната доза во машината за перење.

На кратко околу домашниот сапун кој се користи во рецептов. Маста или маслото треба да е во целост сапонофицирана (100%). Ваквите сапуни се користат најчесто во домаќинството за чистење или перење на алишта бидејќи имаат силен одмастувачки ефект и не се наменети за нега на кожата бидејќи ја сушат истата. Најдобро да користите ваков сапун, во спротивно може да се направат бели дамки на испраните алишта од користење на несоодветен сапун.

Мало појаснување околу чиста сода и сода бикарбона. Многумина за сода бикарбона велат сода. Сепак има мала разлика помеѓу двете. Хемискиот назив за сода бикарбона е натриум хидроген карбонат, додека за (чиста) сода е натриум карбонат. Првата се користи меѓу другото и во кујна за готвење, додека намената на вторава (чиста сода) е за чистење, дезинфекција и сл.
Има и уште еден вид на сода, т.н. жива сода (натриум хидроксид) или каустична сода која во допир со кожата може да предизвика сериозни хемиски изгореници и се користи на пр. за производство на сапуни и средства за отпушување на цевки/одводи. Оваа последнава (жива сода) во никој случај не ја користете за подготовка на прашаков за перење!

Ви посакувам добра забава во експериментирањето со домашниот еколошки прашак за перење алишта

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани