Ова е наједноставното и најбрзото обланде кое го подготвувам. Чоколадниот вкус и ако додадете малку ореви или лешници ја имате добитната комбинација.
Подготовка
Јајцата и шеќерот ги матиме со миксер додека не добиеме густа смеса.
Во тенџере на тивок огин ги растопуваме путерот и чоколадото. Додека смесата тивко врие ги сипуваме матените јајца и шеќер. Оставаме десет минути на многу тивко да се вари кремот мешајќи постојано. Кремот го тргаме на страна чекаме да се подизлади и ги додаваме бисквитите. Доколку додавате ореви тогаш одземете дел од бисквитите. Филот поделетего на четири дела за да ви стигне фил за сите кори.
Корите од обланди ги премачкувајте така што треба да се пополнат сите дупчиње и да има тенок слој за да се залепи наредната кора. Не очекувајте дека ова е од оние рецепти каде што има премногу фил. Има доволно фил да се залепат и исполнат сите празнини на обландето што за мој вкус е доволно.
Забелешка
Доколку сакате на крајот пред да почнете со филувањето додадете една лажица рум. Може и да се прелие со чоколада или течна карамела.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани