Прво ја подготвуваме основата односно пандишпанот
Јајцата ги матиме со шеќерот додека станат кремасти.
Го додаваме маслото и миксираме уште кратко време.
Го додаваме брашното и прашокот за пециво, и матиме со помош на маталка, па ги додаваме и мелените ореви.
Бидејќи пандишпанот ќе биде малку сув од мелените ореви додадете
околу 100 мл од ореовото млеко и ставете да се печи во загреана рерна околу 30 мин.
Го подготвуваме кремот
На оган ставете го млекото од ореви, кога ќе се загрее го ставаме предходно подготвениот пудинг според упатството.
Го оставаме да се излади. Јас не го ставам во фрижидер да се излади побргу, туку го оставам на собна температура.
Потоа со путер предходно оставен на собна температура го матиме и го додаваме во кремот.
Со помош на тавата за чизкејк од Делимано го нанесуваме кремот, па одозгора ја посупуваме со сечкани ореви.
Оставете ја неколку часа во ладилник,најубаво е преку ноќ.

Забелешка
Може да купите готово млеко од ореви, но и можете сами да си го подготвите дома и да го засладите по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови