Испечати

Едноставна и вкусна торта со млеко од ореви

Едноставна и вкусна торта  со млеко од ореви

Состојки

  • За пандишпан
  • 2 јајца
  • 2лаж шеќер
  • 100 мл млеко од ореви
  • 200гр брашно
  • 50мл масло
  • 1/2 прашок за пециво
  • 1лаж мелени ореви
  • за кремот
  • 2 пудинзи од ванила
  • 700мл млеко од ореви
  • 200гр путер

Подготовка

Прво ја подготвуваме основата односно пандишпанот
Јајцата ги матиме со шеќерот додека станат кремасти.
Го додаваме маслото и миксираме уште кратко време.
Го додаваме брашното и прашокот за пециво, и матиме со помош на маталка, па ги додаваме и мелените ореви.
Бидејќи пандишпанот ќе биде малку сув од мелените ореви додадете
околу 100 мл од ореовото млеко и ставете да се печи во загреана рерна околу 30 мин.
Го подготвуваме кремот
На оган ставете го млекото од ореви, кога ќе се загрее го ставаме предходно подготвениот пудинг според упатството.
Го оставаме да се излади. Јас не го ставам во фрижидер да се излади побргу, туку го оставам на собна температура.
Потоа со путер предходно оставен на собна температура го матиме и го додаваме во кремот.
Со помош на тавата за чизкејк од Делимано го нанесуваме кремот, па одозгора ја посупуваме со сечкани ореви.
Оставете ја неколку часа во ладилник,најубаво е преку ноќ.

Забелешка
Може да купите готово млеко од ореви, но и можете сами да си го подготвите дома и да го засладите по ваша желба.