
Едноставен колач со јаболка (посно)
Многу сочен и посен колач, кој воедно е многу едноставен за подготовка.
Подготовка
1. Јаболката ги лупиме и ги рендаме, па заедно со шеќерот и маслото ги промешуваме и ги оставаме да отстојат околу 3 часа.
2. Потоа ги додаваме и со лажица ги промешуваме останатите состојки.
3. Смесата ја истураме во намрсено набрашнето тавче и печеме до поруменување на 200 степени. По желба и вкус го наросуваме со шеќер во прав.
Забелешка
Малку бев скептична околу подготовата, околу тоа стоењето на содржината со јаболката , ама финишот на колачот беше воодушевувачки. Значи не сум го направила, ако не отстои, значи рендам, мешам и си почекува до печење. Колачов го печев во Делициа ростер тавата и не ја ни намрсив, искрено да ви кажам. Пробајте со чепкалка да утврдите дали е печен колачот. Ако е сува, вадете го, ладете и уживајте.