Подготока:

1. Прво на смоквите им ги отстрануваме дршките. Ги миеме. Но не ги просушуваме, со цел подобро да се обложат со брашното.
2. Потоа ги валкаме во изматено јајце, во кое може да се додаде и ванила. Во сад ги соединуваме сите состојки за обложување. Убаво секоја смоква ја обложуваме. Постапката ја повторуваме, сега прво во јајце, па во смесата за обложување.

3. Во тесен сад загреваме масло на многу тивок оган. Внимателно ги пржиме благо да заруменат.
Ги редиме на хартиени салфетки, па ги сервираме. Несекојдневно, но превкусно предјадење.

Пробајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани