3
дек
2018
Егзотични бомбици со ореви и банани (посно)
Божиќните пости се во тек, а со нив ни доаѓаат и слави па ќе се подготвуваат вкусни празнични трпези, еве еден предлог за брзи бомбици.
Подготовка
1. Бананите ги блендираме во Нутрибулет или друг блендер.
2. Оревите и бисквитите ги мелеме.
3. Сите состојки ги ставаме во еден сад, соединуваме.
4. Од смесата правиме топчиња со големина по желба кои ги валкаме во сечкани ореви.
Забелешка
Во зависност од големината на бананите додаваме и суви состојки.