Доручек брускети
Печени лепчиња со фил од горе е нешто што сите го правиме кога имаме леб за трошење, но со темава за брускетите истражував малку и сфатив дека за италијанците брускетата е нешто свето и е многу почитувана храна која има правило како да се подготви. Овој рецепт е оригинален италијански и е одличен за доручек, така и се викаат брускетите, брекфаст брускетас.
Се загрева рерната на 220 степени.
Лепчињата се редат на плех со хартија за печење.
На страна се мешаат доматот, маслинките, маслото, сирењето, кромидот, босилекот, солта и црниот бибер.
Од оваа мешавина се става одозгора на секое парче леб.
Се запекуваат 10тина минути во рерната, а во меѓувреме се прави омлет од двете јајца.
Кога ќе се испечат брускетите, одозгора им се става од омлетот.
Се јадат топли.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови