Домашно лепче со ленено семе
Во топла вода го разматуваме квасецот со медот.
Сето ова го работев дирекно во садот на миксерот.
Откако се растопи постепено го додадов брашното кое го помешав со лененото семе и солта.
Попрскав масло па го вклучив миксерот. Си измати едно меко лепливо тесто.
Си го оставив тестото внатре во садот и го покрив со фолија.Си стасуваше добри 30 минути на собна температура.
На набрашнетата работна маса го префрлив стасаното тесто.
Го поделив на 8 мали топчиња па го размесив.
Ги засеков на средината и ги наредив на набрашнета тава.
Печев во загреана рерна.
Го испеков лепчето,па кога го извадив од рерна го премачкав со путер и оставив да отстои малку.
Ручекот беше пинџур,па сега замислете вие дали остана од лебот.
На здравје на сите
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови