Во една касерола налеваме вода, ја додаваме измиената, исчистена пастрмка, парчињата икра, ловоров лист, зрна бибер, 1 морков и вариме на тивок оган.
После 3-4 минути ги вадиме икрите за да не ни се распаднат.
А после 7-8 минути ја вадиме и рибата.
Оставаме да се изладат.
Рибата убаво ја чистиме од коските и ја ситниме.
Икрата, секое парче го сечеме на кругови.
Во една касерола ставаме масло, па додаваме кромид и ситно сецкан морков.
Ги запржуваме кратко.
Го додаваме сецканиот на кругови морков, кој се вареше со рибата, налеваме од процедената течност каде се вареше рибата.
Зачинуваме, додаваме ситно сецкан целер, протиснатото лукче,сецканата пастрмка, икрата, фидето.
Вариме од прилика околу 5-6 минути.
Пред крај додаваме ситно сецкан магдонос и сок од цеден лимон.
Во еден сад настрана протиснуваме неколку чешниња лук, додаваме сок од еден лимон и една рака свежо сецкан магдонос.
По желба консументиите сервираат и уживаат
По ваша желба може да се додаде и тенка запршка, па може да се стави и малку црвен пипер.
Јас имав многу мастраф, чисто имав 800 гр и сметав дека нема потреба од запршка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани