Испечати

Домашна супа од икра и црвена пастрмка (стар рецепт)

Домашна супа од икра и црвена пастрмка (стар рецепт)

Состојки

  • 700-800гр икра
  • 1 црвена пастрмка, 300гр
  • 1,2 моркови
  • 1 лимон
  • 1 рака фиде
  • 1 грст магдонос
  • 2л вода
  • 1 ловоров лист
  • 5 зрна бибер
  • сол и бибер по вкус

Подготовка

Подготовка:

1. Во една касерола налеваме вода, па ја додаваме измиената, исчистена пастрмка заедно со парчињата икра, ловоров лист, зрна бибер, 1 морков и вариме на тивок оган. После 3-4 минути ги вадиме икрите, за да не се распаднат, a после 7-8 минути ја вадиме и рибата. Икрите ги сецкаме, а рибата ја чистиме од коските
2. Водата каде варевме ја процедуваме со цедалка во друго тенџере. Тука ги додаваме икрите, парчињата пастрмка, сецкан морков, фиде, зачини. Вариме уште некоја минута.
На крај додаваме сецкан магдонос и сок од половина лимон.

* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.