Наместо да купувате кесички супа можете во било кое време да си приготвите пилешка супа во домашни услови. Рецептот е сигурно добро познат за многумина од вас, кај нас дома се приготвува истиот но со мала измена, наместо познатото фиде ние ставаме шпагети.

Се става водата на оган, откако ќе се загрее се додадава пилешкото месо кое е претходно сварено и исечкано на ситни парченца, па се додава и морков ситно исечкан, масло и зачини.

Пред да почне да врие, се додаваат шпагетите (искршени ситно) и се поклопува тенџерето со капаче.

Нека се вари супата околу 10тина минути и пота се трга од оган, во неа се става ситно сечкан магдонос и се остава покриена да отстои уште 5 до 10 минути.
Вкусна и топла, спремна е за предјадење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови