Домашна мека погача (декорција)
Во топлото млеко се ставаат шеќерот, квасецот и малку брашно.
Се промешува и се остава да одстои 10 минути.
Потоа постепено се додаваат солта, маслото, јајцето, жолчката и постепено од брашното.
Се замесува средно нелепливо тесто.
Се покрива со чиста крпа и се остава на топло околу 30 минути, да го дуплира својот волумен.
Потоа тестото се дели на 5 топки, од кои 5 е најмала.
Четирите топки се расукуваат во мали корички.
Три од нив се премачкуваат со маргарин и се редат една врз друга, значи најгорната не е премачкана.
Така наредените корички се ставаат на хартија за печење.
Доколку има потреба со сукалао се рашируваат уште малку, односно да одговара димензијата на округла тава бр 26.
Сега се засекува прво на 6 дела до крај, како на сликата.
Потоа секој дел во средината се засекува но не до крај,
Сега секој расечен дел се раширува по малку со рацете, а двете крајчина се ставаат навнатре.
Со останатото мало топче тесто се прават мали украси по желба и се залепуваат со изматена белка. Цела погача се премачкува со изматена белка, се наросува со сусам, афион .
Со помош на хартиијата се става во тавата, кисни 20 минути и се печи околу 30 минути на 190 степени.Мека е како душичка.
Лиценца: Сите права се задржани