Се мијат, лупат и дробат продуктите.
Се ставаат да се варат со малку вода, колку да ги покрива. Морковот е подобро посебно да се вари, бидејќи му треба повеќе време. Кога се варени, се оставаат да се изладат.
Се блендираат во блендер, Нутрибулет.
Се става добиеното пире во тенџере.
Се додава шеќерот, лимонтусот и 6л. вода.
Се става на оган и се меша за да се стопи шеќерот и да зоврие.Треба да вари, откако ќе зоврие некој 10-15 мин..Пената се собира.
И готов е.
Се собира жежок во жешки стерилни шишиња. Капачињата ги зовривам.
Се покриваат со старо ќебе, убаво завиткани така да изладат.
На здравје!
Шеќерот и водата по ваш вкус може да ги намалите или зголемите, но мислам дека вака е одличен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани