Домашни багел печива - ѓевречиња (посно, веган)
Кога си ги разгледав досега објавените рецепти виов дека ваков вид на рецепт не сум објавила до сега. Толку едноставен и вкусен без никакви адитиви, посен,веган.
1. Прво го подготвуваме тестото.
Квасецот здробете го во 100мл вода, додајте го сирупот и оставете го околу 5мин
Јас преферирам свеж квасец место сув, нема разлика само што со сув квасец мора да го оставите тестото подолго време за да нарасне.
Измешајте ги состојките и замесете тесто и оставете го околу 45 мин да нарасне.
2. Исечете го тестото на парчиња колку сакате одприлика 8, направете ѓевречиња, јас правам топки па насредина му дупнувам капаче од шише да се направи дупка.
3. Во сад ставаме вода, 1лаж јаворов сируп и доколку сакате едно лаж сода бикарбона.
Го вариме тестото од двете страни, го ставаме во плех обложен со хартија и наросувате по ваша желба. Печете на загреана рерна од 200 степени 20мин.
Оставете да се изладат и послужете.
Уживајте!
Доколку сакате, може да ги подготвите ѓевречињата, но без да ги варите ставете ги во плех, покријте ги со стреч фолија и оставете ги преку ноќ. Другиот ден пред варењето оставете ги 1час да омекнат, и продолжете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови