Домашен леб
1. Брашното го ставаме во длабок сад, во средината правиме вдлабнатина. Квасецот го кршиме на парченца, ги ставаме во влдабнатината. Во квасецот го додаваме шеќерот и малку од топла вода. Оставаме да стои 5-10 минути. Замесуваме тесто со постепено додавање на топлата вода, ја додаваме и солта, месиме.
2. Тестото го оставаме да одмори 1 час, да нарасне.
3. Тестото го ставаме на набрашнета површина, кратко го премесуваме, неколку пати го преклопуваме. Лебот го формираме во топка. Лебот го пренесуваме врз хартија за печење. Покриваме со крпа да одмори додека не се загрее рерната.
4. Садот во кој ќе го печеме лебот треба да е висок и со капак. Го ставаме во рерна да се загрее заедно со рерната на 200 степени околу 20тина минути.
5. Откако ќе се загрее садот, го вадиме и со помош на хартијата за печење го пренесуваме лебот. Со помош на нож правиме засеци по површината. Лебот го печеме покриен со капак 35 минути. Го вадиме капакот и печеме уште 15-20 минути без него, на 180 степени. Зависно од рерната и од бојата на кората ќе ви зависи времето на печење на лебот без капак. Кората треба да има убава кафеава боја. Остаме да се излади лебот.
Лиценца: Сите права се задржани