24
авг
2016
Доматна паста со крем сирење
Прво го подготвуваме доматниот сос. Измиените домати ги лушпиме, сецкаме на ситно, и ги ставаме да крчкаат на тивок оган. Додаваме мешавина на италијански зачини, сол, некое зрно шеќер, ѓумбир, бибер. Вариме се додека не добиеме убав густ сос. Кога е готов додаваме ладно цедено маслиново масло. Тестенините ги вариме според упатството на кесичката. Сервираме тестенини, правиме венец од доматниот сос, во средината ставаме крем сирeње, завршуваме со маслинки, лутко пиперче...