Испечати

Доматна паста со крем сирење

Доматна паста со крем сирење

Состојки

  • 300 гр тестенини по избор
  • 10 каламата маслинки
  • 100 гр крем сирење
  • Доматен сос
  • 1 кг црвен домат
  • 1 лажичка мешавина италијански зачини
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1/4 лажиче ѓумбир
  • Сол бибер

Подготовка

Прво го подготвуваме доматниот сос. Измиените домати ги лушпиме, сецкаме на ситно, и ги ставаме да крчкаат на тивок оган. Додаваме мешавина на италијански зачини, сол, некое зрно шеќер, ѓумбир, бибер. Вариме се додека не добиеме убав густ сос. Кога е готов додаваме ладно цедено маслиново масло. Тестенините ги вариме според упатството на кесичката. Сервираме тестенини, правиме венец од доматниот сос, во средината ставаме крем сирeње, завршуваме со маслинки, лутко пиперче...