Доматен сос идеален за тестенини и пица,мазен,кремаст,превкусен.
Доматите се лупат и се рендаат. Се ставаат на оган заедно со исецканиот кромид и се варат додека не им испари течноста. Се додава исецканиот лук,зачините,солта,1-2 лажици масло. Се пржи додека не се згустни (околу 30мин) на крај се додаваат винската киселина и шеќерот. Се ставаат во блендер и се блендираат додека не се добие мазна смеса. За вакумирање-теглите убаво се затвораат и се ставаат во загреана рерна на 100степени 15минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови