Подготовка:

1. Се сечат 8 кругови од хартија, со пречник од 26см. Се матат јајцата со шеќерот, за да се добие густа смеса. Се додаваа брашното и се меша со шпатула. На секој круг, се става по 3 лажици и се печи околу 5мин на 180С. Се редат корите една врз друга со се хартијата.
2. На пареа се матат јајцата со шеќерот и на крај се додава чоколадото. Се остава да олади. Кога е оладен филот, се додава изматенито путер и заедно се мати да се добие свиленкаст крем. Се филуваат сите 7 кори со филот. Последната кора се остава настрана, на неа се става горениот шеќер.
3. Се топи на тивко шеќерот и се прелива последната кора. Со жежок нож, се сечат 12 триаголници кои се ставаат најгоре како декорација. Прво се става по еден орев и на секој орев едно триаголниче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани