Динстано говедско месо во сос
1. Месото насечете го на шницли од прилика во дебелина од 1 см.
2. Само од едната страна посипете ги со бибер и премачкајте со сенфот, посипете врз нив од сувиот зеленчук.
3. На добро загреано масло местото пропржете го до златна боја, потоа подлијте го со малку вода. Поклопете со капак и на сосема тивко нека динста околу 30 мин, а повремено надгледувајте и ако е потребно додавајте уште вода и нека продолжи да динста поклопено со капак се до негово омекнување.
4. Додека се динста, исечете го заленчукот по ваш избор - жулиен (траки) или на коцки, во друг сад стопете го и нека се загрее путерот и пропржете го исечениот зеленчук.
8. Дел од лесно пропржениот зеленчук додадете го сега кај месото, пробркајте, додадете ја павлаката и ренданата кора од лимон - пробркајте и нека се кратко целото тоа заедно вари. Тргнете од огнот.
9. Послужете со ориз или некоја тестенина врз која ќе го ставите остатокот од пржениот зеленчук.
Напомена
- Некој пат сум го правела и со стек, но со говедско повеќе ми се допаѓа. Пржениот зеленчук многупати го ставам целиот во сосот бидејки ми е така повкусно, односно остатокот од зеленчукот кој не го додаваме во сосот фактички служи за декорирање на додатокот.
Австријците го служат вака приготвеното месо со посебно внимание. Тие го приготвуваат Рамстекот вака, а додатокот им е Шпецли кое фактички е тесто замесено од млеко, брашно и јајце , стиснато преку преса директно во вода благо посолена која врие. Затоа прилогот бирајте го како сакате, па не е лошо и пире или ориз.
Уживајте во ручекот!
Лиценца: Сите права се задржани