
Диво месо со праз
Месото ситно го сецкаме, дваесет и четири часа го оставаме во маринада.
Маринада:
-Во водата го сипуваме виното, биберот, ловоровите листови, рузмарин, кромид, морков и магданосот.
-Местото го динстаме наредниот ден околу три часа на тивко. Морковот и кромидот ги пасираме и ги враќаме во месото. Пред крај и откако ќе ја изгуби течноста ставаме една голема лажица свинска маст и сецканиот праз.Празот и месото ги пропржуваме околу десет минути на тивок огин.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани