Превкусен, сочен, брз десерт е денешниот предлог. Немав време за декорација, па брзински испеков, намачкав, преклопив и дегустација.

Подготовка:

1. Прво земаме две ванглички. Ги делиме белките од жолчките. Жолчките ги матиме со половина количина на шеќер, да обелат. Тука го додаваме маслото и пак соединуваме. Ги додаваме просеаните брашно и пециво. Соединуваме со шпатула.

2. Со чисти перки од миксер ги матиме белките со остатокот шеќер. Кога ќе добиеме цврст шлаг, додаваме лажица, по лажица и со шпатула ги соединуваме со жолчките. Внимаваме да не се истисне воздухот.Тестото е многу меко, кревко.

3. Смесата ја истураме во правоаголен плех, кој е обложен со хартија за печење. Печеме околу 15 минути на 180 с. Го оставаме испеченото тесто да се излади, па ја отстрануваме хартијата.

4. Во млекото го додаваме шеќерот и прашокот за пудинг. Убаво промешуваме, да нема грутки. Вариме на умерен оган до згуснување. Додека е жешко ја додаваме и нутелата. Соединуваме. Неколку пати промешуваме, да не фати коричка кремот.

5. Во вангличка се ставаат млекото и прашокот за шлаг. Се мати до згуснување.
Кога веќе пудингот е подизладен, се соединува со шлагот, и тоа се додава лажица по лажица. Врз изладеното тесто, нанесуваме од филот, оставаме 1/3 за премачкување за одозгора. Врз филот, со лажиче на неколку места ставаме од топингот, овошно полнило од вишни.

6. Е сега само поклопуваме, односно може да се исече по должина, и да се стави едно врз друго, да се добие ремен. Брзав и само поклопив. Премачкав со остатокот на фил.

Оставаме во фрижидер да се излади целосно, 1,2 часа и сечиме на парчиња, па сервираме

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани