Двојно печени белвици со икра
1. Белвиците се мијат и се посолуваат со морска сол.
2. Се печат на скара на жар по 5-6 мин. од секоја страна, а потоа се ставаат во тава која претходно сме ја обложиле со хартија за печење и се попрскуваат со маслиново масло.
3. Белвиците се боцкаат со чепкалка за заби (секоја по 20-тина пати) и се печат 20-25 мин. на 220 степени.
* Белвиците не треба да се чистат пред печењето за да не испадне икрата.
Живата икра има жолта боја која во текот на печењето се менува во бела и тоа е знак дека рибите се готови.
Лиценца: Сите права се задржани
Dobredojde i od mene, imas ubavi recepti i golem pozdrav do site vas tamu vo Ohrid, Struga:))))