Главицата лук се надупчува на неколку места и без да се лупи се зачинува со сол и се додава маслиново масло, се завиткува во фолија и се печи во рерна 1 час.
Фантот се раствора во 70 мл. вода и се остава 5 минути. Месото се измешува со фантот, се додава ситно насечканиот кромид и се формираат плескавици кои што се печат на грил тава по 4 - 5 минути од секоја страна.
Испечениот лук се пасира и се додава мајонезот.
Лепчињата се сечат на половина, на долната половина од лепчето се става руколата, мајонезот и плескавицата, над неа се става цвеколото и се затвора со горната половина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови