Ова јадење беше вистински предизвик за мене, бидејќи го подготвував за првпат. Обично, се служи во рестораните како специјалитет и не го служат секаде, веројатно затоа што времето на подготовка е долго, околу 3 часа (ок, 2 часа се за печење). Мојот сопруг го сака ова јадење и често го порачува кога ќе излеземе на ручек. Вкусот е совршен ... тие долги часови бавно печење во сопствените сокови, го прават месото толку меко и нежно, ќе го обожавате. Комбинирав со зеленчук и печев сè заедно.

Подготовка
1. Посолете ги и побиберете ги свинските коленици. Извалкајте ги во брашно и запржете ги на загреано масло на рингла. Кога ќе станат кафеави од сите страни, извадете ги од тавата и ставете ги на чинија.
2. Исечкајте ги главиците кромид и запржете ги на преостанатите маснотии во тавата. Исечкајте го коренот од целер и морковот на коцки, додадете ги во тавата со омекнатиот кромид. Исечете ги лентите од сланина на парчиња, и исечкајте ги лукчињата ситно и додајте ги во тавата. На крајот додадете ги печурките. Кога ќе се испржат состојките, додадете доматно пире и вино. Додадете и 1 литар вода, сол (зачин) и црн пипер.
3. Кога содржината на тавата ќе зоврие, пренесете ја во керамички сад. или сад со капак. Користев Делимано ростер ХХЛ тава со капак. Ставете ги колениците одозгора. Магдоносот крупно исецкајте го и додајте го во садот. Покријте и ставете ја тавата во рерна. Печете 2 часа на 200 степени.
На крај, извадете ја тавата од рерната, отстранете го капакот.
Сервирајте една коленица, а до неа ставете од сосот. Украсете со лисја од целер.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови