Гурабии
Вкусни, меки и ароматични колачиња кои се топат во уста. Колку повеќе стојат толку се повкусни .
1. Во длабок сад се става омекнатиот маргарин заедно со шеќерот и се мати со миксер. Потоа се додава едно цело јајце сол, пециов и се замесува со брашното. Тестото е убаво мазно и меко кое може да се формираат разни видови на облици од колачиња.
2. Се дели тестото на 2 дела. Во едниот се додава какаото и убаво се размесува, а во другиот се додаваат мелените ореви.
3. Се зема темното тесто и се расукува во правоаголна кора. Врз неа се става белото тесто со ореви во вид на салама и се завиткува како ролат. Значи темното тесто однадвор а светлото внатре. Се завиткува во прозирна фолија и се става во замрзнувач да се стегне едно 30мин. Потоа се сечат кругови се ставаат во тава и се печат на 200С-15 мин.
Лиценца: Сите права се задржани