1
јул
2019
Гриловани тиквички со павлака и ореви
- Тиквичката се мие и се сече на кругови 1/2 см. дебели, се посолува и се остава малку да отстои.
- Потоа круговите тиквички се гриловаат на скара и се оставаат убаво да се изладат.
- Киселата павлака, маслото, оревите и сечканиот магдонос се мешаат во чинија.
- Со оваа смеса се мачка секое гриловано кругче и се реди во чинија.
- Се наросува малку со мелени ореви, и се декорира со магдонос.
По желба, ако сте љубители на лукче во смесата со павлаката може да ставите малку ситно сечкано лукче.