8
сеп
2014
Грашок чорба
Начинот за подготовка на оваа вкусна чорба е многу едноставен,
1. Кромидот и морковот ситно исечкани ги запржуваме на загреано масло додека да омекнат.
2. Во запршката се додаваат грашокот и ренданите домати (ако немате свежи домати можете да ставите и доматен сок-салата која веќе ја имам во рецептите, па можете да ја побарате).
3. Оваа смеса се остава околу 10тина минути на оган и во неа се додаваат зачините.
4. На крај се додаваат 2 литри вода и компири исечени на коцки и се остава да се вари околу 1 час.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови