Грашок чорба
Состојки
- 1 морков
- 1 поголема главица кромид
- 400 грама грашок
- 2 домати
- 3-4 компири
- 1 лаж. црвен пипер
- по вкус сол, мешан сушен зачин, црн бибер
- по желба лута црвена пиперка (сушена, толчена)
- малку зејтин
- 2 л. вода
Подготовка
Начинот за подготовка на оваа вкусна чорба е многу едноставен,
1. Кромидот и морковот ситно исечкани ги запржуваме на загреано масло додека да омекнат.
2. Во запршката се додаваат грашокот и ренданите домати (ако немате свежи домати можете да ставите и доматен сок-салата која веќе ја имам во рецептите, па можете да ја побарате).
3. Оваа смеса се остава околу 10тина минути на оган и во неа се додаваат зачините.
4. На крај се додаваат 2 литри вода и компири исечени на коцки и се остава да се вари околу 1 час.