Грашок со пилешко месо
Начинот за подготовка на оваа манџа е едноставен, лесен и пред се и брз.
1. Најпрво ги ставаме копаните да се варат (околу пола до еден час) притоа водата каде се вареле копаните, не ја фрламе.
2. Го чистиме месото од копаните.
3. Во тенџере ставаме масло и го пропржуваме ситно исецканиот кромид и морков додека да омекнат (јас ги сецкав заедно во Делимано џој сецкото)
4. Потоа ги додаваме месото и замрзнатиот грашок.
5. Налеваме преку цедалка од водата во која се вареа копаните.
6. Оставаме да се вари манџата додека да биде сварен грашокот, на кој не му треба многу време.
7. Зачинуваме по вкус.
8. Правиме запршка со пропржување на брашното во загреаниот зејтин додека да добие крем боја, па го додаваме и црвениот пипер - истураме во манџата.
9. Оставаме уште 5 минути на умерена температура да се згусне манџата.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови