Гратинирани макарони
1. Подготовка на макароните и сирењето
Во погоден сад ставете 2,5 литри вода да зоврие со малку сол. Во зовриената вода ставете ги макароните и варете ги спрема упатството на паковањето или 10-15 минути со повремено мешање за да не се залепад за садот и да се сварат до 80-90% и тргнете го на страна да одстои и макароните да набубрат 10-15 минути.
Водата од макароните да се исцеди и макароните да се исплакнат со ладна вода и ставете ги во погоден сад за мешање и полијте ги со растопената маст или масло и благо се промешуват. Сирењето да се издроби на ситни парчиња и додадете го кај макароните и внимателно измешајте ги за да не дојде до дробење на макароните и по потреба може да се посоли (во зависност од соленоста на сирењето),
2. Подготовка на сосот(бешамел и морне )
Со цел на времето, паралелно со подготовката на макароните, почнете со подготовката на сосот.
Во загреана маст или маргарин додадете го брашното и пржете го околу 5 минути(пазете да не загори). Откако ќе се испржи брашното, додадете го млекото со собна температура и постојано мешајте. Посолете го по потреба и варете го на тивок оган околу 20 минути и повремено промешувајте за да не загори(затоа е најдобро да се користи сад кој не лепи).
По 20 минути варење, тргнете го од оган и оставете малку да се олади и додадете ја павлаката и добро рачно изматените јајца, по потреба досолите и добро рачно измешајте да се сосот изедначи, потоа додадете го пармезанот и лесно со лажица измешајте. (сосот количински да биде околу 6 дл.)
3. Ставање во сад запечење и печење. Во подмачкан по можност подлабок сад 30х20 см. или округло тавче бр.28-30, рамномерно распоредете ги и порамнете ги измешаните макарони со сирењето и ставете ги да се печат во загреана релна на 200-220 степени околу 15 минути (добро да се загреат макароните).
Откако ќе се загреат макароните, извадете ги од релната и рамномерно по целата површина залијте ги со поготвениот сос и поново вратете го тавчето во релната и печете уште 20-25 минути или додека да се добие златно- жолта боја.
Тавчето се вади од релната, се остава да се малку олади, исечете на погодни коцки и вадете и послужите со рамна француска лажица.
4.Напомени -да се внимава макароните да не се преварат и издробат, по ваша желба, наместо цели јајца, може да се стават само жолчки(така е поубаво)
Ако моментално немате пармезан и не мора да ставите, може и било кој кашкавал (се разбира со пармезан е подобар вкусот).
Иначе што ме наведе да го пуштам овој рецепт. Со многу домакинки со кои сум разговарал на оваа тема како ги правам макароните, повекето од нив ми одговарале, дека и ги прават, а на прашање како, одговарале дека ги сварат макароните, ги измешат со сирење и ги конзумират, па нека знаат дека вака е повкусно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Добредојде!