Гратинирани домашни њоки
Денес спремав њоки за ручек. Вкусот на домати и њоки одличен, надополнет со многу зачини по вкус, вкусно сирење.....
Начин на подготовка.
Прво околу 500гр компири се лупат и се варат во посолена вода.
Се цеди водата и се пасираат убаво со вилушка. Се додава малку сол, морско оревче, бибер, ржаното брашно и белото брашно.
На набрашнета маса се замесува тестото, па се сучат долги ремени. Секој ремен се сече на мали парчиња со димензии од 2-3 цм.
Се ставаат на послужавник.
Сега во една касерола се налива околоу 600мл вода и се остава да зоврие.
Во зовриената вода се спуштаат њоките и се варат околу 1 минута, односно се додека не испливаат на површината, тогаш се готови.
Сега се лупи црниот домат и се сече на кругови, дебели по 3-4 мм.
Се зема тава или во грил тава на делимано, кратко на две три капки масло да се пропжат круговите црн домат од двете страни.
Се редат на чинија.
Во тава на оган се налива маслиново масло и се става сецканиот кромид да се запржи 2-3 минути.
Се додаваат многу ситно сецкани целер и пашканат.
Се запржува уште кратко па се додаваат пелатите.Притиснете ги малку со вилушка.
Јас зачинив обилно, а вие како сакате.
Се остава на тивок оган да крчка околу 10 минути.
Сега на дното на земјено тавче се ставаат кругови црн домат, врз нив 2-3 лажици од ренданото сирење, па сосот со пелати, па врз нив се редат њоките.
Постапката ја повторуваме уште еднаш. Најгоре наросуваме пармезан и печиме околу 30 минути во загреана релна на 210 степени.
Топло сервираме со чили пиперче.
Можеби ви се чини многу работа, но вредеше.
Лиценца: Сите права се задржани